Роналдо го има промашувањето на кариерата: Португалецот од пет метри утна цел гол (ВИДЕО)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа на домашен терен во Торино против Лече со 4-0, во мечот од 28. коло од серија А, а Кристијано Роналдо се посрамоти во првото полувреме.

Мечот го одбележа неверојатното промашување на Португалецот, кое можеби е и најголемо во неговата кариера. И тоа при резултат 0-0, во финишот на првото полувреме, кога по корнер остана само пред голот и утна цел гол.

Сепак, Јуве стигна до водство во 53. минута со голот на Пауло Дибала по асистенција на Кристијано Роналдо, а токму тој ја зголеми предноста во 62. минута. Потоа Гонзало Игуаин стрелаше за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Матијас де Лихт.