Роналдо го избра најомилениот погодок во неговата богата кариера


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо постигна над 700 гола во својата богата кариера, а сега го одбра и најомилениот.

Роналдо во текот на кариерата постигна голови на различни начини и секако не беше лесно да се избере најомилен погодок.

„Ножичките против Јувентус, тоа беше гол кој долго време се обидував да го постигнам“, вели Роналдо.

Тој во дресот на Реал против Јувентус постигна спектакуларен гол во Торино, а неколку месеци подоцна се пресели токму во редовите на „Старата дама“.

Роналдо зборуваше и за неговиот најголем ривал Лионел Меси, со кој долги години се бори во врвот на фудбалот.

„И мене и него, напредувавме еден покрај друг. Беше тоа здраво, вистинско спортско ривалство“, кажа Роналдо.