Роналдо го мина Пеле на вечната листа – само еден човек е пред Португалецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна два гола во триумфот на Јувентус против Удинезе (4-1), па така стигна до бројката од 758 голови во кариерата и го надмина рекордот на Пеле, кој остана на 757 погодоци.

Бразилците тврдат дека Пеле постигнал повеќе од 1.000 голови во кариерата, сепак документираните податоци покажуваат дека Пеле има „само“ 757 голови.

Роналдо пред себе има само уште еден човек, кој наскоро ќе го премине и ќе стане најдобар стрелец во историјата. пред него се наоѓа само легендата на Славија Прага, Јозеф Бичан, кој во кариерата постигна 805 голови.