Роналдо го обвинија дека е лут зашто Силва ја добил наградата, но снимката тоа го демантира! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Португалија синоќа ја совлада Холандија со 1-0 и го освои трофејот во Лигата на Нации.

Португалците на домашен терен успеаа да дојдат до трофејот во премиерното издание на Лигата на нации, а уште еднаш одличен беше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик во полуфиналето.

Меѓутоа, по финалниот меч многумина беа изненадени откако за фудбалер на турнирот беше прогласен Бернардо Силва. Тоа очигледно го изненади и Роналдо, кој не реагираше многу среќно.

Многумина го обвинија Роналдо дека бил лут затоа што Силва ја добил наградата, но се појави снимка на социјалните мрежи,која го демантира тоа.