Роналдо го остави Ал Наср во игра за титула, па кажа: С. Арабија ќе биде во топ-5 лиги!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо постигна одличен гол во второто полувреме против Ал Шабаб и донесе победа со која го остави Ал Наср во игра за титулата.

Ал Наср во последните две кола ќе мора да чека кикс на Ал Итихад кој има предност од три бода на врвот на табелата, но Роналдо не се предава од трката за трофејот.

Португалецот смета дека лигата во Саудиска Арабија ќе стане една од најдобрите во светот, односно чека набрзо таа да се пробие до топ-5.

„Лигата е сè посилна, а следната година ќе биде уште подобра. Чекор по чекор, таа ќе стане една од петте најдобри лиги во светот. Но, потребно е време, фудбалери и инфраструктура. Меѓутоа, оваа земја има голем потенцијал“, вели Роналдо.