Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постојано се шпекулира за иднината на Кристијано Роналдо, кој најверојатно ќе остане во Манчестер јунајтед, а во меѓувреме го прекина молкот и објави фотографија на Инстаграм на која е облечен во шорцеви на премиерлигашот.
Многумина тоа го разбраа како знак дека Португалецот сака да остане на „Олд Трафорд“, иако имаше шпекулации дека сака да си замине.
Тренерот Ерик Тен Хаг претходно кажа дека разговарал со Роналдо и дека конечно пронашле заеднички јазик, па Португалецот барем уште една сезона ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.
Роналдо ова лето доби дозвола да не патува со екипата на турнејата по Азија поради „семејни проблеми“.