Роналдо го пропушта Мундијалот?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо би можел, според британските медиуми, да го пропушти Светското првенство 2026 година поради повреда здобиена за време на викендот.

Напаѓачот на Ал Наср се повреди во натпреварот од саудиската Про лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со резултат 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, видливо со нелагодност, откако сигнализираше до клупата дека има проблем со мускулот.

Пред да ја напушти играта, португалскиот ветеран при резултат 0:0 промаши пенал.

Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо итно ќе помине медицински прегледи.

“Роналдо почувствува замор на мускулот, а лекарскиот тим веднаш ќе ги спроведе потребните тестови за да се утврди неговата состојба”, изјави Жезус.

Според наводите на весникот “The Sun,” расте стравот дека посериозна повреда би можела да го загрози Роналдовото учество на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.