Роналдо го „спречи“ Јувентус да победи против Сасуоло? (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се најде на погрешно место во погрешно време, па беше еден од трагичарите на Јувентус на мечот против Сасуоло во неделата (2-2).

Роналдо во 70. минута при резултат 2-2 го „спречи“ Паоло Дибала да постигне гол, кој најверојатно ќе донесеше триумф на актуелниот италијански шампион.

Португалецот немаше таква намера, но беше на погрешно место и го спаси Сасуоло од пораз. Јувентус со кискот го препушти првото место на табелата на Интер.