До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот играч за врска Нголо Канте нема да биде ново засилување за Фенербахче.
Иако сè беше на чекор од реализација, бидејќи клубовите постигнале договор, а играчот беше расположен да се пресели во Истанбул, со веќе завршени лекарски прегледи, нема да дојде до враќање на Кантé во Европа.
Требаше да се случи размена на играчи помеѓу Фенер и Ал Итихад и наместо Кантé да отпатува Јусуф Ен Несири во правец на Саудиска Арабија, но саудискиот клуб го одолговлекуваше процесот на предавање на документацијата, процедурата не можеше да се комплетира и со тоа двајцата играчи нема да завршат таму каде што замислуваа.
Фенербахче излезе со соопштение дека поднеле барање до ФИФА за продолжување на рокот за реализација на трансферот, но тука Ал Итихад повторно потфрлија и дури не се ни обиделе да се оправдаат.
Претпоставката е дека зад сето тоа стои ставот на Кристијано Роналдо дека големите ѕвезди не се пуштаат од Саудиска Арабија. Тој дури одби да тренира со Ал Наср и ги предупреди челниците на натпреварувањето за трансферот на Карим Бензема од Итихад во Хилал, бидејќи, според него, тоа не е фер.
















