Роналдо грмел во соблекувалната на соиграчите: Играме како го*на! 🎥


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Амазон“ објави видео од документарецот за Јувентус, кој привлече големо внимание во јавноста поради тоа што се случуваше на полувремето од мечот кој се играше против Порто во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Порто го доби првиот меч со 2-1, а во вториот имаше 1-0 на полувреме, по што Кристијано Роналдо влезе нервозен во соблекувалната и им викаше на соиграчите, додека никој не смееше да го погледне.

Хуан Квадрадо беше единствениот кој се обиде да го смири, но тоа го налути Роналдо уште повеќе.

„Играме како го*на. Јас играм како го*но. Играме ужасно и мора да се собереме. Тоа е факт. Ова е меч од Лигата на шампиони и мора да се докажеме. Не зборувам само за вас, туку и за себе“, викаше Роналдо.