Роналдо и Георгина се соочуваат со затворска казна поради кршење на законите во С. Арабија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред Нова година потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, каде што треба да остане до јуни 2025 година и притоа да заработува по 200 милиони евра годишно.

Роналдо и Георгина се соочуваат со санкции затоа што ги прекршија законите во С. Арабија бидејќи не се венчани, а невечнана двојка не смее да живее заедно.

Шпански „Спорт“ ги контактираше саудиските адвокати, кои кажаа дека сепак нема да има таков проблем за Португалецот и неговата вереничка, иако вообичаено такво нешто се казнува со затворска казна.

„Законот забранува соживот без брак, меѓутоа властите не реагираат при вакви случаи, кога станува збор за странци. Меѓутоа, ако има кривично дело, тогаш властите ќе реагираат“, вели адвокат.