Роналдо и Ибрахимовиќ во прегратка по финалето во Торино (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ продолжи да игра фантастично во „белиот спорт“ и ја освои шестата титула на завршниот турнир во Торино, откако во финалето го совлада Каспер Руд.

Ибрахимовиќ беше на трибините во Торино, каде што му даде поддршка на српскиот тенисер, а по натпреварот се сретнаа во ходникот на арената за да се фотографираат.

Тие двајца се поздравија и се прегрнаа, по што почнаа да зборуваат на српски јазик и разменија неколку интересни пораки.

„Добар сум, но не сум добар колку тебе“, му кажа Ѓоковиќ на Ибрахимовиќ откако шведскиот напаѓач претходно го пофали тенисерот.