Роналдо и Мендеш стигнаа во Манчестер, а ги пречекаа Фергусон и Тен Хаг


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер на разговори со премиерлигашот за неговата иднина, откако неодамна кажа дека сака да си замине од клубот.

Роналдо не се појави на тренинзите на екипата и не замина на турнејата бидејќи сакаше да потпише за тим кој игра во Лигата на шампиони (ЛШ), но тоа сепак не се случи.

Португалецот заедно со неговиот менаџер Жорж Мендеш пристигна во тренинг-центарот на Јунајтед, а таму го пречекаа тренерот Ерик Тен Хаг и поранешниот стратег Сер Алекс Фергусон.