Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо од Јувентус и Лионел Меси од Барселона добиле неверојатни понуди од Саудиска Арабија, но двете фудбалски ѕвезди ги одбиле милионите.
Роналдо требало да биде главен лик во промоцијата на туризмот во Саудиска Арабија, па Португалецот требало да добие шест милиони евра годишно, но тој ја одбил понудата.
Слична понуда добил и Лионел Меси, но Аргентинецот исто така ги одбил милионите од Саудиска Арабија.
Како што се наведува главната причина што Роналдо и Меси ја одбиле понудата е што не сакаат да имаат ништо со земја која многу често е критикувана за кршење на најосновните човекови права.
Сега луѓето од Саудиска Арабија сигурно ќе се обидат да пронајдат нова ѕвезда, а се шпекулира дека следен кој ќе добие или можеби веќе добил понуда е Нејмар.