Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо настапи во првото коло од Серија А против Удинезе и влезе од клупата за резерви, а ВАР му поништи гол поради неколку милиметри.
Уште кога беа најавени почетните состави без Роналдо, веднаш почнаа шпекулациите за негов можен трансфер, иако од Јувентус тоа го демантираа.
Еден од најпопуларните фудбалери во светот и понатаму бара излез од Торино, а има само една опција за трансфер и тоа е Манчестер сити.
Жорж Мендеш веќе имал разговор со членовите на „граѓаните“, меѓутоа до крајот на преодниот рок останаа шест дена и ситуацијата е комплицирана.
Сити не сака да плати многу за Роналдо, па „Старата дама“ наводно одредила сума од 25 милиони евра бидејќи Португалецот има договор до следното лето.