Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо побарал помош од познатиот психолог Џордан Питерсон со кој разговарал два часа.
Роналдо неодамна објави фотографија со психологот, но не откри детали од средбата, па сега на истата тема зборуваше Питерсон.
Питерсон вели дека ѕвездата на Манчестер јунајтед се соочува со сериозни проблеми во животот.
„Пред неколку месеци имаше проблеми во животот. Неговиот пријател испратил мои снимки, а тој ги погледнал и ја прочитал мојата книга. Побара да разговараме и имавме разговор долг два часа“, вели психологот.
Психологот не откри многу детали, туку само кажа дека зборувале за пречките со кои се соочува Роналдо.