Роналдо испрати порака по елиминацијата од ЕП


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Беглија вчера во Севиља славеше против Португалија со 1-0 со голот на Торган Азар и така го исфрли бранителот на титулата од Европското првенство (ЕП).

Португалија доминираше во второто полувреме по излегувањето од теренот на Кевин Де Брајне поради повреда, а Рубен Диас промаши голема шанса во 82. минута, по што Жоао Феликс погоди статива една минута подоцна.

Кристијано Роналдо немаше најдобра вечер, а по натпреварот разочарано ја фрли капитенската лента, а потоа објави и порака преку Фејсбук.

„Тоа не беше резултат каков што посакувавме, но се потрудивме да ја одбраниме титулата и оваа екипа може да биде горда. Нашите навивачи беа одлични и ни даваа поддршка до последната минута. За нив се трудевме, но за жал не го постигнавме тоа што сакавме“, вели Роналдо.