Роналдо испрати прва порака пред финалето против Македонија (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалија вчера со мака ја елиминираше Турција (3-1), па така Кристијано Роналдо и неговите другари во финалето од баражот ќе играат против Македонија, а победникот ќе заигра на Светското првенство (СП).

Македонија ќе гостува на „Драгао“ во Порто на 29 март, па тоа ќе биде натпревар кој ќе одреди еден од патниците на Мундијалот.

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, испрати порака до неговите сонародници пред финалето против Македонија.

„Првиот чекор е направен кон нашата цел, Светско првенство 2022. Ништо не е готово. Мора да продолжиме да работиме сериозно и да веруваме во нашите способности, иако го почитуваме противникот. Напред Португалија, одиме во Катар“, напиша Роналдо.