Роналдо излезе на полувреме, а неговата замена постигна гол по прв контакт со топката (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По 45 минути игра резултатот меѓу Манчестер јунајтед и Рајо Валјекано беше 0-0, а на почетокот на вториот дел Дијало погоди за 1-0.

Младиот фудбалер од Брегот на Слоновата коска влезе во игра на местото на Кристијано Роналдо на полувреме.

Интересно е тоа што „Олд Трафорд“ на овој меч е исполнет, иако на спротивната страна имаше тим кој не е премногу атрактивен.

Голем број влезници беа продадени поради тоа што Роналдо најави дека ќе игра во натпреварот.