Роналдо ја зголемил вредноста на Манчестер јунајтед за 550 милиони фунти!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши ова лето да се врати во Манчестер јунајтед по 12 години и тоа се покажа како добар потег за клубот.

Интересно е тоа што вредноста на „црвените ѓаволи“ на берзата во Њујорк се зголемила за сума од 550 милиони фунти за неполни два месеци.

Манчестер јунајтед продаваше акции за 11,70 фунти на 4 август и вкупната вредност беше 1,91 милијарди. Но, по еден ден акциите се зголемија на 13,46 фунти, а до 27 септември таа скокна на 15,09 фунти и вредноста на клубот сега изнесува 2,46 милијарди фунти.

Трансферот на Роналдо, како и други фактори влијаат на зголемувањето на вредноста на тимот, но и враќањето на навивачите.