Роналдо: Јас ги отворив вратите на многу ѕвезди во С. Арабија


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Кристијано Роналдо на крајот на минатата година се пресели во Саудиска Арабија, откако потпиша договор со Ал Наср, а летово уште неколку ѕвезди договорија трансфери во арапските клубови.

Пред неколку дена за Ал Итихад потпиша Карим Бензема, па потоа и Нголо Канте, а таквиот тренд се очекува да продолжи и во текот на летото.

„Моето доаѓање во Саудиска Арабија ги отвори вратите и не згрешив. Сигурен сумд ека во наредните години оваа лига ќе биде една од најважните во светот. Ќе дојде Карим, а сигурен сум дека ќе има и други фудбалери кои ќе потпишат за клубови од С. Арабија“, кажа Роналдо.