Роналдо ќе биде замена за Бензема во Реал Мадрид!?


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Карим Бензема заработи сериозна повреда на последниот тренинг на Франција, односно го скинал квадрицепсот, а ова е голем проблем и за Реал Мадрид кој мора да бара решение во нападот.

Карло Анчелоти бараше напаѓач минатото лето, но не успеа да го ангажира Килијан Мбапе кој потпиша нов договор со ПСЖ, па сега медиумите шпекулираат дека во Мадрид би можел да се врати Кристијано Роналдо.

Роналдо е пред излезни врати од Манчестер јунајтед по неговото контроверзно интервју со Пирс Морган во кое ги нападна соиграчите, тренерот, но и самиот клуб, па сега се бара начин како да му биде раскинат договорот.

Португалецот е наводно подготвен да замине од „Олд Трафорд“, а ќе видиме во јануари дали е возможно да го засили „кралскиот клуб“.