Роналдо ќе го добие најболниот удар во кариерата од „ѓаволите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сериозно планира да го продаде Кристијано Роналдо, иако претходно имаше шпекулации дека ќе биде важен дел од проектот на премиерлигашот.

„Црвените ѓаволи“ ја почнаа сезоната на ужасен начин и имат два порази во воведните две кола, а голем дел од членовите на Јунајтед сметаат дека Роналдо е виновен за лошата атмосфера во тимот.

Неговото однесување во претходните денови е главна тема во медиумите. Тој во првиот меч правеше гримаси од клупата затоа што не беше стартер, а против Брентфорд за 90 минути не покажа ништо посебно на теренот.

За да биде уште полошо, Роналдо по мечот си замина без да се поздрави со тренерот Ерик Тен Хаг со кого очигледно не се во добри односи, иако Холанѓанецот тоа го демантираше.

Не е тајна дека Роналдо сака да си замине од екипата, па наскоро би можела да му се оствари желбата, а се споменува дури дека „ѓаволите“ би можеле да го избркаат без да го продадат.