Роналдо ќе го напушти Јуве доколку го казнат и ќе се врати во поранешен клуб?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во неделата луто го напушти стадионот на Јувентус по дербито против Милан (1-0), зашто тренерот Маурицио Сари реши да го замени уште во 55. минута.

Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо го напуштил стадионот неколку минути пред крајот, па покажал дека не сака да го заменуваат предвреме.

Наводно, Роналдо е незадоволен со ситуацијата во Јувентус, зашто во клубот не се однесуваат со него како што очекувал.

Сари на прво место го стави тимот и објасни дека го повлекол Роналдо од игра, зашто сфатил дека не му оди најдобро на теренот.

Италијанците шпекулираат дека Роналдо на лето ќе го напушти клубот доколку добие казна, а би можел да се врати во Манчестер јунајтед, кадешто настапуваше пред да се пресели во Реал Мадрид.