Роналдо ќе го напушти Јувентус и ќе заигра за ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот Фабио Сантини откри дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус и ќе потпише за ПСЖ, иако досега такви шпекулации не се појавија во медиумите.

Роналдо, наводно, му соопштил на својот менаџер Жорж Мендеш дека сака да се пресели во ПСЖ, па така ги потврди само шпекулациите дека ќе замине од Јувентус.

„Роналдо му кажал на својот менаџер дека сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Ќе видиме што ќе се случи на лето. Многу веројатно дека ова е негова последна сезона во Јувентус“, изјави Сантини.

ПСЖ претходно покажа интерес и да го донесе Лионел Меси на слободен трансфер следното лето.