Роналдо ќе предизвика нов земјотрес: Имам почит само кон три фудбалери на Манчестер јунајтед


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во интервјуто со водителот Пирс Морган откри детали од Манчестер јунајтед и зборуваше за актуелната ситуација во клубот.

Роналдо кажа дека почитува само три фудбалери на „Олд Трафорд“, а ја искористи можноста и да ги критикува помладите колеги.

Португалецот кажа дека тие немаат почит кон поискусните фудбалери и не бараат совети, ниту пак прифаќаат совети од нив.

„Можам да споменам само тојца фудбалери до Јунајтед за кои имам почит. Диого Далот е професионален и покрај тоа што е млад. Исто така, имам добро мислење и за Лисандро Мартинез и Касемиро. Што се однесува до младите фудбалери, можам да кажам дека тие не ги почитуваат поискусните. Не сакаат ниту да прифатат совет“, вели Роналдо.