Роналдо ќе прифати помала плата за да потпише за ривал на „ѓаволите“!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо би можел наскоро да се пресели во Челси, откако неговата епизода во Манчестер јунајтед е речиси завршена.

Роналдо одби да влезе во игра против Тотенхем, па предвреме го напушти теренот и си замина од стадионот, а тоа предизвика реакција од тренерот Ерик Тен Хаг кој го исфрли од првиот состав.

Ова предизвика нови шпекулации за иднината на Роналдо, кој и претходно се поврзуваше со „сините“, а ова ќе биде идеална шанса за газдата на клубот Тод Боели да тргне по неговиот потпис.

Боели претходно сакаше да го купи Роналдо, но на такво нешто не се согласи поранешниот тренер Томас Тухел, а наводно Португалецот е подготвен да прифати и помала плата.