Роналдо ќе прифати пониска плата за да се врати во Англија?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ објави дека Кристијано Роналдо наскоро би можел да го напушти Јувентус и да се врати во Манчестер јунајтед.

Неговиот менаџер Жорж Мендеш се обиде да го врати Роналдо во Реал Мадрид, но таа можност отпадна, па сега Португалецот би требало да се пресели во Манчестер.

Проблемот е договорот кој го има со Јувентус до 30 јуни 2022 година, како и неговата плата, но очигледно ќе постигнат договор за пониски примања на португалскиот фудбалер.

Роналдо сезонава игра одлично, а постигна 32 гола во 36 настапи и притоа имаше четири асистенции.

Португалецот за три сезони во Јувентус одигра 126 меча и притоа постигна неверојатни 97 голови, а во „Старата дама“ пристигна од Реал Мадрид за 100 милиони евра.