Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Јувентус гостува на Локомотива Москва во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а „Старата дама“ до водство стигна уште во третата минута кога Кристијано Роналдо изведе одличен слободен удар, но голманот на домаќините направи грешка и ги почести гостите со гол.
Многумина помислија дека ова е нов гол на Роналдо во елитното натпреварување, но УЕФА на крајот официјално погодокот му го препиша на Ремзи. Тој успеа да ја удри топката пре да ја премине линијата, а според фотографиите изгледа дека само еден сантиметар беше доволен за ова да биде погодок на Португалецот.
Интересно е тоа што двајцата го прославија голот, а Роналдо во еден момент помисли дека тој е стрелец. Сепак, на Португалецот нема да му биде мило кога ќе вид како Ремзи му го „украде“ голот.