Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, откако погоди во триумфот во Суперкупот против Наполи (2-0).
Јувентус го освои Суперкупот, а Роналдо го постигна првиот гол на мечот, по што се врати неговата самодоверба и порача дека ќе го нападнат Скудетото.
„Среќни сме поради победата. Беше тешко, теренот беше ужасен, но одработивме како што треба. Покажавме поинаков став во однос на дуелот со Интер. Трофејот е важен, ќе ни даде самодоверба за продолжение од сезоната“, кажа Роналдо.
Роналдо смета дека може да го освојат Скудетото, иако Милан и Интер се силни.
„Милан и Интер се навистина силни, но верувам дека ние имаме се што е потребно за нова титула. Ќе биде тешко, но верувам дека можеме да дојдеме до Скудетото“, вели Роналдо.
Ќе потсетиме Јувентус го освојува Скудетото во Италија веќе девет сезони во низа.