Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус деновиве се наоѓа во центар на внимание поради новите скандали кои се поврзуваат со тимот од Торино.
Пред неколку дена истражувачите без најава пристигнаа во просториите на поранешниот шампион за да направат претрес, а шест лица се обвинети дека лажирале финансиски податоци.
Тоа се претседателот Андреа Ањели, како и уште пет лица, меѓу кои и Фабио Паратичи, Павел Недвед, Стефано Черато, Стефано Бертола и Марко Ре.
Тие се обвинети дека лажирале документи и направиле проневера во износ од 50 милиони евра поради што Јувентус би можел да биде исфрлен во Серија Б.
„Газета дело Спорт“ објави дека еден од случаите е поврзан со Кристијано Роналдо, односно постои таен документ кој има врска со Португалецот.
Роналдо бил повикан на сослушување во Торино, па ќе мора да каже колку пари Јувентус му исплатил со тој договор.
CR7, la scrittura privata resta un mistero. I Pm pronti a chiamare Ronaldo https://t.co/2L38BEtKZX
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) December 1, 2021