Роналдо му даде поени на Меси, а Аргентинецот му врати со – нула!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Наградата за најдобар фудбалер во 2020 година ја доби Роберт Левандовски во избор на УЕФА, а зад него завршија Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Левандовски ја победи конкуренцијата за престижната награда, а може да се каже дека заслужено ја доби, со оглед на тоа дека освои тројна круна со Баерн Минхен.

Роналдо и Меси беа во сенка на ѕвездата на Баерн, а интересно е дека сите тројца како капитени на своите национални тимови имаа право на глас.

Меси како капитен на Аргентина пет бода му даде на Нејмар, три на Мбапе и само еден на Левандовски.

И додека Меси целосно го игнорирал Роналдо, Португалецот барем малце помислил на свокот долгогодишен ривал.

Тој пет бода даде на Левандовски, три на Меси и еден на Мбапе.