Роналдо му се потсмеваше на Чави за заминувањето на Блискиот Исток (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо од синоќа е нов фудбалер на Ал Наср од Саудиска Арабија, иако во минатото зборуваше дека не сака да замине на Блискиот Исток и сака да игра на врвно ниво.

Роналдо ќе заработува 70 милиони евра по сезона, па така Португалецот ќе исчезне од големата фудбалска сцена.

Португалецот пред некој месец наполни 38 години, а интересно е тоа што претходно ги исмејуваше фудбалерите кои заминуваат на Блискиот Исток.

роналдо пред неколку години зборуваше за Чави, кој реши да замине во Катар.

„Зошто би ми било важно што зборува Чави? Па тој игра во Катар, значи е неважен“, кажа Роналдо.