Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата на ЕП

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо постави нов рекорд во кариерата, откако го истрча најбрзиот спринт на Европските првенства (ЕП).

Роналдо на 39-годишна возраст покажа дека е подобро подготвен од многу помлади играчи, па во еден момент достигна брзина од 32,7 километри на час.

Брзината на фудбалери на ЕП се мери од 2012 година, а тогаш Роналдо истрчал 32 километри на час, по што сега си постави нов рекорд во кариерата.