Роналдо на брутален начин го понижил Бенитез додека соработувале во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Бенитез во текот на тренерската кариера имаше можност да работи во некои од најдобрите тимови, а најдолго остана во Ливерпул, и тоа од 2004 до 2010 година, по што работеше во Валенсија, Интер, Челси, Наполи, Реал Мадрид…

На клупата на Реал помина седум месеци во сезоната 2015/16, а отказ доби поради тоа што имаше лоша репутација кај навивачите и играчите.

Бенитез немал добар однос и со Кристијано Роналдо, а „Атлетик“ открива интересен детал од тој период. Тој му наредил на еден член на екипата да му достави на Португалецот едно УСБ на кое му објаснува како да се ослободи од своите чувари на натпреварите.

„Кажи му на Бенитез дека ќе му испратам УСБ со своите голови за да ги научи“, наводно кажал Роналдо кога го добил УСБ.