Роналдо на лето го напушта Јувентус и прави неочекуван потег


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Кристијано Роналдо наскоро ќе го прослави 35. роденден и неодамна призна дека размислува даја заврши својата кариера, која ја одбележа со многу успеси во неколку екипи.

Сепак, се појави информација дека Роналдо би можел да одигра и една сезона надвор од Европа. „Калчомеркато“ пишува дека Јувентус би можел да остане без Роналдо следното лето затоа што наводно Португалецот имал понуда од Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Клубовите од споменатите држави нудат многу пари за да го придобијат Роналдо, кој не ја исклучи можноста една сезона да игра надвор од Европа.

Меѓутоа, тешко може да се очекува дека тоа ќе се случи следната година затоа што Роналдо сигурно може да игра уште неколку сезони на врвно ниво.