Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што се очекуваше, коронавирусот ги натера клубовите да ги скратат платите на нивните ѕвезди и вработени, а најрадикален потег засега повлече Јувентусво Италија.
Јувентус реши да им ја скрати платата на фудбалерите во следните четири месеци. Ѕвездите ја прифатија одлуката и се откажаа од дел од платата за март, април, мај и јуни за да му помогнат на клубот.
Еден од најтешко погодените со одлуката е најплатениот фудбалер на Јуве, Кристијано Роналдо, кој наводно ќе се откаже од 10 милиони евра.
Роналдо сигурно ќе го преживее периодот затоа што зема многу поголема плата од некои негови соиграчи, а важно е тоа што сите покажале лојалност кон клубот во момент кога е најлошо.