Роналдо направи нов инцидент во Катар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во последниов период ги нервира сите, а успеа да ги налути и сонародниците по што селекторот Фернандо Сантош реши да го отстрани од првиот тим.

Роналдо доби шанса од клупата на мечот со Швајцарија и одигра во последните 20 минути, додека денеска не се појави на тренингот со екипата.

Наместо да се појави на тренинг со колегите, Роналдо побарал да одмори од натпреварот и да има краток тренинг во теретана.

На Роналдо никој не му направил проблем, а останува да видиме дали тоа ќе се рефлектира и на неговата минутажа во следните дуели.

Сантош би можел да го остави Роналдо на клупата и за мечот со Мароко во четвртфинале, а тоа сигурно ќе предизвика гнев кај неговото семејство, посебно кај Георгина која веќе го критикуваше селекторот.