Роналдо: Не ги прекршив протоколите… Спадафора: Тој е арогантен лажго!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред десет дена од Торино замина за Лисабон каде што се приклучи на подготовките на неговата репрезентација, иако целиот тим на Јувентус мораше да биде во изолација.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора кажа дека Португалецот двапати во краток период го прекршил медицинскиот протокол, откако најпрво ја напушти Италија, а потоа се врати, и тоа заразен со ковид-19.

„Роналдо е арогантен лажго. Тој двапати го прекрши протоколот“, кажа Спадафора.

Ѕвездата на Јувентус не остана мирна по обвинувањето, па реши да му одговори на министерот за спорт на Италија.

„Тој човек, чие име не сакам да му го споменам, лаже. Од Португалија се вратив со авион, од аеродром со медицинско возило, без никаков контакт со никого. Дома сум, а семејството ми е на вториот кат. Не сум прекршил ниту еден протокол“, вели Роналдо.