Роналдо не пие, ама затоа Џака си отвори кока-кола пред пеналите со Франција 📸


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Швајцарија направи сензација во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) и по пенали ја победи Франција.

Синоќа во Букурешт гледавме неверојатен меч, а Швајцарија водеше најпрво со 1-0, па потоа Франција направи пресврт (3-1), но Швајцарците израмнија и на пенали беа подобри.

Во центар на внимание по продолженијата се најде капитенот на швајцарската репрезентација Гранит Џака, кој си зема шишенце со кока-кола пред пеналите и стана хит на социјалните мрежи.

Секако, сите веднаш почнаа да го провоцираат Кристијано Роналдо, кој кажа дека не конзумира кока-кола на една прес-конференција пред две недели.

Интересно е тоа што акциите на Кока-кола веднаш паднаа за неверојатни четири милијарди евра, па така Роналдо покажа колку големо влијание има во светот.