Роналдо нема да се спаси толку лесно: Отворена истрага против ѕвездата на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора инсистира на инстрага за тоа дали фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо го прекршил протоколот за ковид-19.

Спадафора смета дека Роналдо не смеел да го напушти Торино за да игра за репрезентацијата на Португалија во Лигата на нации на средината на октомври.

Министерот смета дека Роналдо требал да остане во изолација, зашто во младинскиот тим на Јувентус биле откриени случаи со коронавирус.

Роналдо на 11 октомври во Париз го играше мечот против Франција, а два дена подоцна беше објавено дека е позитивен на вирусот, поради што не заигра против Шведска.

Во Торино се врати со приватен авион и од тогаш беше во самоизолација. Јувентус и Роналдо ги отфрлија тврдењата на Спадафора и порачаа дека не направиле ништо погрешно.

Италијанската влада поради влошување на ситуацијата повторно воведе рестриктивни мерки.