Роналдо нема конкуренција – заработи најмногу пари во 2024 година!


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


И во 2024 година, Кристијано Роналдо е на врвот на листата за најплатени спортисти во светот, оставајќи ги другите далеку зад себе.

Португалскиот фудбалски ас, кој денес игра за тимот на Ал Наср во Саудиска Арабија, инкасирал неверојатна сума од 215 милиони долари од договорот со својот клуб. Покрај ова, тој има остварено дополнителни 45 милиони долари преку маркетинг активности, каде што се вклучени спонзорства и рекламни договори со големи светски брендови.

Стеф Кари, познатата звезда на Голден Стејт Вориорс, е на второто место според освоената заработка, со вкупен приход од 153,8 милиони долари, што вклучува неговиот НАБ приход и спонзорските договори.

На третата позиција се најде британскиот боксер Тајсон Фјури, кој во 2024 година заработил 147 милиони долари. Главниот извор на неговите приходи се неговите спектакуларни борби и профитабилни договори за емитување на натпреварите.