Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Португалската легенда Кристијано Роналдо (39) во понеделникот на гала вечера прими награда од својот матичен Сојуз. Кристијано во дресот на Португалија одигра 216 натпревари и постигна 133 голови. Во двете категории е рекордер во репрезентативниот фудбал воопшто:
„Смешно е. Кога се приклучив на репрезентацијата со 18 години, сонував да дебитирам. Потоа размислував за 25. и 50. настап. Па си помислив: зошто да не стигнам до 100, тоа е округол, троцифрен број. Подоцна мојот цел беше 150 па 200. Одлично е чувство.
По настапите за толку клубови и освојувањето толку трофеи, Лига на шампиони, Златни топки, награди на ФИФА нема ништо подобро од играњето за својата земја. Претставуваш цела култура, своите деца, мајка, татко, најдобрите пријатели. Разочаран сум од некои играчи кои не сакаат да играат за репрезентацијата.”
Напаѓачот на Ал Наср моментално е на бројката од 908 голови во професионалната кариера и е запрашан дали може да постигне 1000. „Да бидам искрен, тоа е моја вина. Јавно реков дека сакам да постигнам 1000 гола и сега излегува дека тоа ми е единствена цел. Целта ми е да живеам во моментот и да видам како ќе реагираат моите нозе. Ако дојдат илјадата, одлично. Ако не, никој не постигнал повеќе голови од мене. Не мораме да размислуваме на долг рок, јас веќе не можам. Тоа е се, живеј во моментот и уживај“, кажа Роналдо
.