Роналдо никогаш не бил толку лош за Јувентус како против Аталанта! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус одигра 1-1 против Аталанта, а лош меч одигра Кристијано Роналдо, кој промаши и пенал, па според многумина тој го одигра најлошиот натпревар во дресот на актуелниот шампион.

Роналдо доби оценка од само 4,5 и такво нешто не му се случило никогаш претходно во кариерата.

„Нема дилеми дека ова не е резултатот кој го посакувавме, но сега е време да се одмориме и да се фокусираме на наредниот натпревар“, кажа Роналдо.

Роналдо, меѓутоа, доби поддршка од неговиот тренер Андреа Пирло, кој кажа дека на секого може да му се случи истото.

„Настапот на Кристијано? Се случува…Ако го реализираше пеналот коментарите ќе беа поинакви. На секој му се случува да промаши пенал и да одигра лош натпревар“, изјави Пирло.