„Роналдо никогаш повеќе нема да заигра за Манчестер јунајтед“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најпознатите спортски новинари во Велика Британија, Пирс Морган е убеден дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед ова лето.

Роналдо се врати во тимот минатото лето, но „ѓаволите“ разочараа со настапите во Премиерлигата, па останаа без место во Лигата на шампиони (ЛШ0).

„Имав многу контакти во претходната недела. Секако мислам дека постои мала веројатност дека Кристијано Роналдо одигра уште еден меч за Манчестер јунајтед“, вели Пирс.

Причината за желбата да замине од клубот е тоа што Роналдо сака да освојува трофеи, а такво нешто не му е гарантирано со екипата од Манчестер, иако новиот тренер Ерик Тен Хаг доби неколку засилувања.