Роналдо нокаутираше редарка, па по мечот направи потег за почит! 📸

Кристијано Роналдо беше главна ѕвезда на натпреварот меѓу Јанг бојс и Манчестер јунајтед, кој му припадна на швајцарскиот тим со 2-1, иако Португалецот постигна гол за премиерлигашот.

Португалецот пред почетокот на натпреварот погоди една редарка со топка во глава и ја нокаутираше, по што веднаш отрча да види дали госпоѓата е во добра здравствена состојба.

Следеше брза реакција и од останатите редари и медицинските служби за да ѝ помогнат на госпоѓата, а по натпреварот Роналдо направи потег за почит.

Роналдо реши да ѝ се извини на редарката и да ја изненади со подарок, а тоа беше неговиот дрес од Манчестер јунајтед.