Роналдо од страв прави проблеми – не сака трофеен тренер да го преземе Јунајтед!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е еден од најдобрите во историјата, меѓутоа неговото враќање на „Олд Трафорд“ засега не дава никакви резултати, односно екипата не доживеа напредок.

Првиот впечаток е дека Роналдо го наруши системот на Оле Гунар Солскјер и тоа има ефект на играта и на резултатите.

На Солскјер му се одбројани деновите во Манчестер, а како најголем фаворит за негова замена се споменува Антонио Конте, кој сака високо темпо и силен интензитет на игра во своите екипи.

Ова е причината поради која Роналдо не сака да соработува со Конте и не сака Италијанецот да го презмее ангилскиот гигант.

Роналдо се плаши дека не може да издржи цел натпревар со силен интензитет поради неговите години, иако се наоѓа во страшна форма.