Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо постигна гол за Манчестер јунајтед во поразот од 1-3 против Арсенал, а имаше шанса и за втор гол, но одби да шутира пенал и му ја остави шансата на Бруно Фернандеш.
Фернандеш ја погоди стативата од белата точка и така го остави неговиот тим со празни раце по големото англиско дерби.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник објасни зошто Роналдо одбил да шутира пенал против Арсенал.
„Го прашав Роналдо зошто не сакал да изведе пенал и му го препуштл на Фернандеш, а тој ми кажа дека немал добро чувство и сметал дека е подобро некој од неговите колеги да го изведе ударот од белата точка. На крајот тоа беше Фернандеш, но овој пат, не постигна гол за жал“, вели Рангник.