Роналдо одговори по критиките: Јас сум отпорен на куршуми, ќе зборувам кога сакам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо доби жестоки критики по контроверзното интервју со Пирс Морган во кое го нападна Манчестер јунајтед, како и неговите колеги од премиерлигашот.

Португалецот се соочи и со медиумите и овој пат кажа дека е отпорен на секакви критики и нема намера да молчи.

„Од ваша страна е лесно да се пишуваат вистини или лаги. Не се грижам за тоа што мислат другите. Ќе зборувам јас кога сакам. Сите знаат кој сум. Јас сум отпорен на куршуми. Атмосферата во репрезентацијата е одлична“, кажа Роналдо.

Португалија на Мундијалот ќе игра во група заедно со Гана, Уругвај и Јужна Кореја.