Роналдо остана сам во соблекувална и почна да плаче како – мало дете! 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо не поднесува порази, а посебно во Лигата на шампиони. Најпопуларниот фудбалер во светот е најдобар во елитното натпреварување со 140 голови и го освојуваше трофејот пет пати.

Кога стигна во Јувентус во 2018 година сакаше да го освои трофејот со тимот од Торино, но не успеа во таа намера.

Во последната сезона како фудбалер на Јувентус пречка му беше Порто, кој ги елиминираше во осминафиналето, а тогаш се расплака од болка Роналдо.

Роналдо на полувреме влезе во караница со соиграчите во текот на реваншот затоа што на паузата резултатот беше 0-1 за гостите.

„Играме многу лошо, мора нешто да направиме“, викаше Роналдо, по што камерите го снимија како седи сам и плаче како мало дете.